Египет блокира 21 Интернет страница, меѓу кои и на телевизијата Ал Џазира

Египетските власти забранија 21 веб страница, вклучувајќи ги и главниот сајт на катарската телевизија Ал Џазира и на телевизијата на египетската опозиција, која емитува од Турција, со аргумент дека го поддржуваат тероризмот, јавија египетски медиуми, повикувајќи се на извори од службите за безбедност.
Египет од поодамна ја обвинува Ал Џазира дека го поддржува забранетото движење Муслиманско братство, кое властите го обвинуваат за насилство по отстранувањето од власта во 2013 година, кога воените власти го соборија од власт избраниот претседател исламист Мохамед Морси по масовните протести против неговото владеење.
Меѓу блокраните сајтови е електронскиот сајт на арапски јазик на американскиот медиум Хафингтон пост, кој објавуваше голем број статиии, со критика до египетските власти.
Недостапни се исто така и сајтовите на телевизијата Ал Шарк, со седиште во Турција и на египетскиот независен медиум „Мада Маср“, кој објавувал истраги за случаи за корупција.
Извор од безбедносите сили изјави дека вебстраниците се блокирани, бидејќи објавуваат содржини, кои го поддржуваат тероризмот и екстремизмот или шират лаги. Тој додаде дека против блокираните сајтови ќе бидат преземени правни мерки.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
