Македонија
7. May 2023 - 16:38

Егејците се сеќаваат на егзодусот, но бараат и рамноправен третман од државата

Татковината – копнеж на прогонетите. Со семакедонска средба „Беломорски видувања“ повеќе здруженија на Егејците одбележуваат 75 години од егзодусот. Многумина од нив се уште се сеќаваат на граѓанската војна, а ден денеска се надеваат дека ќе ги добијат основните човекови права онаму каде се родиле. 

Нашите пораки се едноставни, протераните Македонци да не бидат одвоени од нашата Македонија, да бидеме едно скупче народ, тоа се нашите желби, вели Стојан Димков, претседател на Здруженија „Мирка Гинева“ од Штип. 

Централната манифестација е закажана за на 1 јули пред споменикот на децата бегалци и со академија за егзодусот на насилно прогонетите Македоници од егерјскиот дел во МАНУ. Преку овие манифестации здруженијата ќе ги повторат своите барања.

„Барањата за раскинување на договорите помеѓу Македонија и Грција и Македонија и Бугарија и распушатање на меѓудржавните комисии за ревизија на македонската историја. Бидејќи на Македонија не и е потребна таква историја, таа си има историја која си трае со векови. Исто така сакаме да повикаме на семакедонско обединување и помирување, бидејќи само обединети можеме да се спротивставиме на сите неправди кои и се случуваат на Македонија“, вели Александар Јаневски, претседател на ЗМЕДМ „Македон“.

Со самото наше собирање кога повторно е на атак Македонија и Македонците, јасни се нашите барања, човекови правдини, право на јазик, да можеме да зборуваме на нашиот јазик, да ја негуваме нашата култура и обичаи“ вели Сотир Лукровски, претседател на „Б МБЕЛ ЕГЕЈ“ Скопје. 

Семакедонската средба „Беломорски видувања“ втора година по ред ги обединува Македонците и сите краеви, во присуство на претставници на МПЦ, интелектуални, политички партии.