Живот
15. October 2018 - 22:20

Едвај се спасија од напад на кенгур, побеснетото животно го нападна мажот, а кога дојде жената настана хаос

Заштитниците на диви животни од Австралија Џим и Линда Смит, се среќни што останаа живи, рече денеска лекар откако кенгур ја нападна брачната двојка во северната австралиска земја Квинсленд.

Смитови ги хранеле дивите кенгури на својот имот во областа Дарлинг Даунс кога еден сив кенгур го удрил Џим и го соборил на земја.

Тој ја нападнал и неговата сопруга Линда која притрчала да му помогне на сопругот и и нанел опасни телесни повреди.

Ројтерс пренесува дека во болницата е утврдено дека на Линда и пукнало белодробното крило, има скршеници на ребрата, имала многу исеченици и гребанции и дека веднаш морала на операција.

„Страшно е. Ме нокаутираше еднаш или два пати, а еднаш штом ќе ве грабнат, гледајте што може да ви направат, вели Џим покажувајќи ги своите повреди.

Австралиските медиуми известија дека кенгурот се повлекол откако синот на Џим и Линда истрчал и го удрил со парче дрво.

„Ако кенгурот продолжеше да удира, нејзиниот живот би бил сигурно во опасност“, речелекарот Стивен Џонс.

Во Австралија живеат иколу 45 милиони кенгури, а нивните судири со луѓето не се невообичаена појава, кога се има во предвид дека луѓето живеат на подрачјето каде што живеат тие животни.