Македонија
7. March 2020 - 16:33

Едукативна кампања на СВР Струмица како честитка за Денот на жената

Преку едукативно превентивна акција струмичката полиција на сите жени возачи им го честиташе осми март. Припадничките на понежниот пол кои денеска беа во улога на возачи, но и останатите учеснички во сообраќајот,  на подарок добија освежувач за автомобил со осмо мартовска честитка, но и порака  дека треба да возат одговорно и да мислат на себе,  но и на другите. СВР Струмица оваа кампања ја реализира во соработка со републичкиот совет за безбедност на патиштата, а основната цел е да се подигне свеста кај возачите, но и да се поттикнат на максимална одговорност кога се вклучуваат во сообраќајот.

За разлика од пред дваесетина години кога процентот на жени возачи бил незначителен, денеска таа бројка се доближува до 50%. Статистиката покажува дека агресивното возење не е карактеристика за жените и тие важат за побезбедни возачи.

Осмо мартовската кампања струмичката полиција денеска ја реализираше на неколку локации низ градот. Истата продолжува и во текот на утрешниот ден кога жените возачи  освен осмо мартовски подарот ќе добијат и совет за безбедно возење.