-->
-->
Едукативна акција за безбедност на децата во сообраќајот
-->
Сообраќајно-превентивни и едукативни активности и настани ќе се одржат во рамки на акцијата „Безбедни училишта - безбедни првачиња“ што ја организираат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Триглав Осигурување.
Акцијата почна во ОУ „Коле Канински“ во Битола, а ќе се реализира во повеќе од 20 општини. За оваа намена се изработени 4.000 флуоросцентни безбедносни елечиња кои ќе им бидат поделени на учениците од прво одделение за нивна поголема видливост во сообраќајот.
Маскотата „Кучето - Пази“ ќе биде активен учесник на едукативните настани на кои децата ќе ги совладуваат основните правила и прописи во сообраќајот.
Првачињата ќе се оспособат и за препознавање на ризикот и опасностите во сообраќајот.
- Безбедноста на децата во сообраќајот е заеднички приоритет и заедничка одговорност на секој поединец и на сите чинители во општеството. Грижата за нив е одговорност на јавниот сектор, невладините организации и на приватните компании, велат организаторите.
Јавните настани и едукативните предавања што ќе бидат организирани во повеќе од 50 училишта низ Македонија, ќе бидат дополнети со сообраќајно-едукативни материјали: боенки, распоред за часови, сообраќајна лектира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување