Едуар Филип доби мандат за составување нова влада на Франција
Францускиот премиер Едуар Филип денеска поднесе оставка на неговата Влада, по што претседателот Емануел Макрон веднаш му го додели мандатот за формирање нов владин кабинет.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, оставката на Владата е формален чин, по неделните избори на кои блокот на партијата Републиката напред (ЛРМ) на Макрон и Демократското движење (МоДем) обебзеди апсолутно мнозинство во Националното собрание.
Портпарол на Владата претходно соопшти дека се очекува Филип да направи мали „технички“ промени во неговиот сегашен кабинет.
Сепак, извесно е дека во новата влада нема да се најдат министрите за територијален развој и за одбрана, Ришар Феран и Силви Гулар.
Според најавите, Феран по совет на претседателот Макрон ќе биде пратеник и шеф на пратеничката група на ЛРМ, со задача, како што беше објаснето, да ги „предводи младите и неискусни пратеници“ на партијата.
Сепак неговата смена од владата повеќе се оценува како казна на овај верен соработник на Макрон, откако беше поврзан во афера за недвижности непосредно пред парламентарните избори.
Гулар пак денеска поднесе оставка на функцијата министер за одбрана и побара да не биде член на новата влада.
Гулар се повлече за да покаже „добра волја“ во предистражната постапка против нејзината центристичка партија Модем за фиктивно ангажирање соработници во Европскиот парламент, кои всушност работеле за потребите на партијата.
Таа стана министерка за одбрана пред нешто повеќе од еден месец, по стапувањето на должност на новиот француски претседател.
Ново на Сител
-
Приведен 75-годишен охриѓанец, возел со брзина од 126 километри на час каде ограничената брзина е 50
-
Приведени двајца малолетници, фатени при кражба од црква
-
Најголемиот камен од марс продаден на наддавање за над 3,7 милиони евра
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола