Едно видео, милион емоции: Погледнете го трејлерот за новата серија „На терапија“ на Сител
„Да знаат пациентите што све ми поминува низ глава, веројатно ниту еден не би се вратил кај мене никогаш“, е скокотливата реплика на Никола Ристановски и неговиот карактер Д-р Терзиев со која почнува долгоочекуваниот трејлер за новата македонска серија „На терапија“.
Двеминутниот трејлер дефинитивно зборува многу за четириесет и петте епизоди кои следуваат.
Широкиот дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен рамнодушноста. Се чини дека во меланхоличната соба во која се одвиваат сесиите на Д-р Терзиев и неговите пациенти, најсветлата точка е неговата лава лампа, а најмирно пливаат рибите во аквариумот. Низ кадрите може да се вкуси изведбата на низа комплексни карактери и уште покомплексни животни приказни.
Расплаканата Јелена Јованова во улогата на Милена ги соголува своите чувства и буквално и фигуративно.
Висар Вишка во улогата на Гент и Драгана Костадиновска во улогата на неговата сопруга Зана моќно ја доловуваат тензијата во нивниот брак и се слика и прилика на тоа дека после смеење доаѓа плачење.
Ангела Димитрова во улогата на тинејџерката и пливачка Ивана ги скока сите барања за дозволи. Тони Наумовски во улогата на војникот Владо плаче исто толку силно колку што провоцира.
Во солзи е и Амернис Нокшиќи во улога на Ана Терзиева, сопругата на Д-р Терзиев. А во сето тоа, единствениот глас на разумот е Бедија Беговска во улогата на психотерапевтот Д-р Вера Арсиќ.
„На терапија“ започнува со емитување на 18-ти септември на „ТВ Сител“. Ако треба да донесеме еден заклучок од овој трејлер, тоа е дека со нетрпение треба да ја очекуваме премиерата.
Ново на Сител
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики