Македонија
26. November 2017 - 17:29

Едно лице загина во сообраќајка во Струмица

Едно лице загина а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 20 во близина на Струмица.  Несреќата во која животот го загуби 35 годишен струмичанец се случила на локалниот пат Струмица Просениково и новоизградената улица која води кон Агрокор, а причина е неприлагодената брзина. 

До несреќата дошло откако П.А. роден 1985 година од Струмица управувајќи патничко возило фолксфаген шаран поради неприлагодена брзина кон условите на патот изгубил контрола над возилото, удрил во бетонски столб и метална врата во дворот на поранешниот објект на македонска радиодифузија. Од силината на удраот 35 годишниот М.М. кој бил сопатник во возилото се здобил со тешки телесни повреди , а на   пат кон струмичката болница починал во возилото  на итната медицинска помош.

Возачот на шаранот и другиот сопатник поминале полесно, тие се здобиле со телесни повреди и по укажаната медицинска помош се задржани на лекување во болницата во Струмица. Веднаш по несреќата на местото на настанот увид изврши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.