Едно лице загина во сообраќајка во Скопје
Еден пешак е загинат, двајца сопатници и еден возач на автомобил се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет од вкупно 22 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 13 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 49 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 132 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 59 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, 22 возачи почетници, 55 нерегистирани возила и едено возило за претовар.
За непрописно паркирање се издадени 228 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 173 возила.
Евидентирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 10 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за не правилно престројување, седум возачи за не правилно престигнување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, двајца за не носење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и 25 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторни возила.
Ново на Сител
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
