Едно лице загина во експлозија на петарда во Стразбур

За време на прославата на новогодишната ноќ, едно лице загина при експлозија на петарда во Хагено во близина на Стразбур, јави дописникот на МИА.
Едно лице е убиено беше во новогодишната ноќ во вторникот, во Хагено, во Долна Рајна Рин, жртвата е 27-годишен маж при користење на петарда со огромна моќ, т.н. „топовски удар“.
Употребата на петарди во регионот иако е забранета од властите сепак, секоја година доведува до сериозни повреди при прославата на Нова година.
Според полицијата, новогодишната ноќ била доста немирна во Стразбур и неговите соседни општини, иако нема објавени податоци, има поголем број на запалени автомобили, а се вели дека има повеќе уапсени лица, а имало и повредени меѓу кои и припадници на силите на редот.
Притоа имало запалени автомобили, чиј број не е исто така даден, феномен кој е доста присутен во Стразбур последниве децении и кој потоа се прошири во цела Франција. Засега според радиото Франс Интер, палење на автомобили имало и во Колмар исто како и напади врз силите на редот со пиротехнички средства за огномет или со други предмети. Лицата кои ги опожаруваат автомобилите најчесто се во групи и со качулки, најчесто млади, па дури и малолетни, соопшти директорот на одделот за јавна безбедност на Долна Рајна, Ени Брегал.
Градоначалникот на Стразбур, Роланд Рис, испрати порака преку социјалните мрежи апел „за смиреност и почит кон другите“.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
-

Сиљановска-Давкова: Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка
-

Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !
-

Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
-

Мицкоски разговараше со Рубио во Њујорк: Потврдена важноста на стратешкото партнерство и на континуираниот политички дијалог со САД
