-->
-->
Едно лице загина, три се повредени во сообраќајка на патот Гостивар - Кичево
-->
Денеска во 09,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар Кичево се случила сообраќајна несгода помеѓу патничко моторно возило “опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(20) од Скопје, и “фиат типо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(47) од Прилеп. Во незгодата починала сопатничката од возилото “опел“ Т.Н.(76) од Скопје. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото “фиат“ Д.С.(52) од Прилеп, кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа