Loading Video...
Свет
5. September 2023 - 19:00

Едно лице загина, а стотици куќи и патишта се поплавени во Волос

Еден човек е пронајден мртов, а стотици куќи и патишта се поплавени во пристанишниот град Волос, во централна Грција, како резултат на бурата Даниел која го погоди нашиот јужен сосед. Загинатиот бил 70 годишен сточар, кој бил згмечен од ѕид кој се урнал од поројниот дожд во областа Агиос Георгиос, соопшти грчката противпожарна служба.

Силните врнежи предизвикаа поплави и во Ламиа, како и на островите Крф и Скиатос, а во прекин е и железничката линија што ги поврзува Волос и Лариса.

Градоначалникот на Волос, Ахилеја Беос, е вистински хит на интернет откако излезе од градското собрание и шетајќи се низ поплавените улици ги прашуваше возачите зошто возат по поплавените улици, нагласувајќи дека сите биле предупредени за опасноста од поплави.

- Ова што се случува е лудо! Рековме 100 пати, ве молиме да не тргнувате. Каде одите? Од вчера ви кажуваме, реките ќе се излеат, знаете ли дека доаѓа водата? Одете дома....

Голем бој на села погодени од поплавите се сеуште без струја.

Првата дама на САД Џил Бајден е позитивна на Ковид-19, информираа од Белата куќа. 

Таа во моментов има само благи симптоми, и останува во викендицата во Рехобот Бич, Делавер, каде што заедно со претседателот Џо Бајден престојуваше за време на викендот на Денот на трудот, информираше нејзиниот директор за комуникации Елизабет Александар. 

Веднаш по ваквата информација и претседателот Бајден се тестирал, но неговиот тест бил негативен. Сепак, американскиот претсдеател ќе тестира со редовна каденца оваа недела и ќе ги следи симптомите, информираа од неговиот кабинет.

Џил Бајден е по втор пат позитивна на Ковид 19, откако еднаш беше минатото лето. Инаку, и Џил и Џо Бадјен се вакцинирани и добија бустери за вирусот.

Северна Кореја би можела да биде првата земја во светот која официјално воено ќе и помогне на Русија, за војната против Украина, по најавите дека Ким Џонг Ун планира овој месец да отпатува во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин.

Точната локација на планираната средба не се знае, но американските медиуми пишуваат дека тема на разговор ќе биде руско-украинската војна, и дека според последните информации преговорите за оружје меѓу двете земји активно напредуваат.

Преговорите за купување артилериска муниција ги почнале рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, при неговата последна посета на Пјонг Јанг. Шојгу предложил и одржување на заднички воени вежби со учество на Русија, Кина и Северна Кореја.

Од Кремљ велат дека немаат што да кажат на оваа тема.

САД најавија дека ќе преземат мерки, вклучително и воведување санкции, доколку Северна Кореја навистина и достави оружје на Русија.