Едно лице загина, 157 повредени во авионската несреќа во Истанбул

Eдно лице загина, а 157 Најмалку се повредени откако денеска авион при слетувањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ ја промаши пистата, се урна во поле и се распадна на три дела.
Турскиот министер за транспорт Мехмет Чахит Турхан изјави дека најголемиот дел од патниците можеле самостојно да го напуштат авионот, додека на останатите им помогнале спасувачките тимови.
Турската телевизија НТВ извести дека авионот се запалил, но пожарот веднаш бил изгаснат. Истата телевизија информира дека авионот припаѓа на компанијата Пегасус ерлајнс и пристигнал од Измир.
Пегасус ја потврди несреќата, но не соопшти други детали.
Турското Министерство за сообраќај соопшти дека во авионот имало 177 патници и членови на екипаж. Министерството посочи дека до несреќата дошло поради „грубо слетување“. (МИА)
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
