Македонија
11. February 2025 - 9:33

Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле

Едно лице е  убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случи во Топанско поле во Скопје.

Според информациите двете лица се на возраст од 35 години. 

Од градската болница Свети Наум Охридски велат дека во здравствената установа починатиот бил донесен без знаци на живот, а повредениот е во стабилна состојба.

Од МВР се уште нема информација што точно се случило и кои биле мотвите за пукањето. Со повеќе информации во текот на денот.