Едно лице приведено за криумчарење мигранти

На 18.01.2024 во Гевгелија, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.Ш.(39) од Кавадарци, со привремен престој во Гевгелија.
По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека на 12.01.2024 околу 20.00 часот, тој го управувал патничкото моторно возило „крајслер“, кое во близина на Дојран излета во провалија, а во кое превезувал 11 лица мигранти од Сирија, од кои едно лице почина, а останатите се здобија со повреди. Според пријавеното, пред да излета возилото, тој скокнал од него и го напуштил местото.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 418 – б став 3 и 4 и член 300 став 4, а во врска со член 297 и член 301 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
