Едно лице повредено во сообраќајка на патот Кавдараци - Неготино
Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на регионалниот пат Кавадарци Неготино, потврди за МИА доктор Ѓерасим Петров од Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.
- Во сообраќајката учествувале две возила со неготински регистарски ознаки од кои едното изгубило контрола и се превртило при што застанало на кров. Едно лице е со лесна повреда. Во едниот случај се работи за таксист, а во другиот момче кое од Кавадарци се враќало за Неготино, рече Петров.
Како што информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, во 19.50 часот на регионалниот пат Кавадарци-Неготино кај населбата Глишиќ, патнички автомобил од засега неутврдени причини се превртел на коловозот и по кратко во него удрило такси возило.
- Според досегашните информации едно лице се здобило со телесни повреди и било бил однесено во Здравствен дом Кавадарци заради укажување лекарска пмош. Увид на лице место врши увидна екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци, вели Стојковска.
Поради сударот, од 20 до 20.30 часот, сообраќајот на патот Кавадарци - Неготино беше во прекин.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат