Едно лице е тешко повредено, а четири полесно во пет сообраќајки
Едно лице е тешко повредено, а четири се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно 10 регистрирани сообраќајки на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Во останатите пет сообраќајки е причинета само материјална штета.
Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.
Дваесет и девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а петмина не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен телефон. Затекнати се и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор, девет возачи кои управувале возило по истек на важност на сообраќајна дозвола и осум возачи без важечка возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 63 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје вечер во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи и пешаци.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Ѓорче Петров“ и ОУ „Јоаким Крчовски“, општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Во гостиварско Добридол приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој
-
Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори
-
Келог: Светот мора повторно да воспостави максимален притисок врз Иран
-
Забрана за камиони воведена и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку превојот Барбарос
-
Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува
-
Шест лица загинаа во експлозија во ресторан во Чешка
-
Израелската армија издаде нова наредба за евакуација на централниот дел на Газа
-
На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Претор