Живот
28. October 2015 - 21:50

Едната од Ирска, другата од Британија, а во Германија сите мислат дека се сестри близначки

Две студентки се запознале во Германија во текот на студирањето и се шокирале кога сфатиле дека премногу наликуваат една на друга.

Киара Марфи од Ирска ја запознала Корделија Робертс од Велика Британија во почетокот на нивните студии во Бремен во Германија. 

Тие двете изјавија дека претходно никогаш се немаат сретнато, но постојано им говореле дека сигурно се сестри близначки. 

Всушност, од сето тоа се одлучиле да направат забава, па направиле и филм за тоа како се запознале, а тој стана вистински хит на Јутјуб. 

„Кога дојдов во Бремен, беше страшно бидејќи не знаев никој. Вечерка, кога излегував, сите ме прашуваа каде е сестра ти, а јас не знаев за што зборуваат се додека не ја запознав Корделија“ – изјави Киара. 

Погледнете ја неверојатната сличност на овие девојки.