Македонија
16. January 2020 - 16:31

Една жена загина, десет годишно девојче и маж се повредени во верижен судар на автопатот Велес - Скопје

Стравична сообраќајка на автопатот Велес – Скопје. Една жена загина а 10 годишно дете е задржано на лекување во велешката болница. Несреќата се случила утринава на мостот непосредно пред зимскиот пункт. Учествувале шест возила – пет автомобили и камион. Најсериозни повреди заработиле патниците од автомобилот кој удрил во задниот дел на камионот. 37 годишната жена веднаш била пренесена на скопските клиники. Таа е во кома а лекарите кај неа констатирале скршеници на главата и внатрешно крварење. Девојчето и 36 годишниот маж се на лекување во велешката болница.

Учесниците во сообраќајката кои не сакаа за зборуваат во камера  велат дека до несреќата дошло поради замрзнатиот коловоз и густата магла. Објаснија дека Автомобилот BMW  удрил во заштитната ограда, по што застанал камионот, па во него удрил и автомобилот во кој се превезувале жената и 10 годишното девојче.

Од јавното претпријатие за државни патишта велат дека условите на автопатот не биле причина за сообраќајката. Делницата била права и без дупки па се возело многу брзо.

Од АМСМ изминативе денови предупредуваат за намалена видливост на потегот Велес Катланово. Во утринските часови таа е е помала и од 50 метри.

Инаку поради сообраќајка, денеска времено затворен беше и автопатот кон Штип кај наплатаната рампа Миладиновци.