Свет
3. February 2020 - 19:21

Една жена убиена, петмина повредени во пукање во автобус во Калифорнија

Една жена е убиена, а пет лица се повредени откако неименуван напаѓач отворил оган во автобус во Калифорнија.

Возачот на автобусот успеал да запре и да го отстрани осомничениот  од автобусот без неговото огнено оружје. Полицискиот службеник Брајан Пенингс пред новинарите изјави дека потоа возачот застанал на првата бензинска пумпа, а во меѓувреме осомничениот бил приведен.

– Ние сме многу благодарни што возачот на автобусот толку брзо реагираше, истакна Пенингс.

Засега не се соопштени мотивите за нападот.

Автобусот, кој превезувал околу 40 патници од Лос Анџелес до Сан Франциско.