Една жена почина и две лица се борат за живот откако се отруле со пита

Почина денеска 47-годишна жена од Скопје, а двете лица се во лоша здравствена состојба откако јаделе домашна пита со праз.
Жената заедно со својот сопруг и роднини со кој живееле во ист дом јаделе домашна пита, по што добиле симптоми на труење и веднаш побарале помош. Случајот бил пријавен во полиција.
„На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, соопшти полицијата.
Три лица биле хоспитализирани, но медиумите јавуваат дека жената денес починала додека еден од хоспитализираните сѐ уште во кома на КАРИЛ.
Според информациите кој роднини им ги кажале на медиумите питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз. Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.
Инаку, „метомил“ е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава. Познат и како „ Ланата“ ова е отровот за кој се претпоставува дека е виновен и за труењето на многу кучиња низ цела држава.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
