Една жена избрана за градоначалничка во првиот круг – три ќе се борат во вториот

Само една жена беше избрана за градоначалничка во првиот круг на локалните избори 2025 – Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода. Покрај неа, уште три кандидатки се пласираа во вториот круг: Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) во Неготино, Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) во Демир Капија и Соња Стаменкова (СДСМ) во Македонска Каменица.
На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени, што е 10.35 проценти од вкупниот број.
Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.
Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.
Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.
Од вкупно 44 избрани градоначалници во првиот круг, само една е жена, што претставува 2.2 проценти родова застапеност.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична пријава за узурпација на државно земјиште во Крива Паланка
-

Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола
-

Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват
-

Уапсени четири државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро
-

Костадиновски: Нервозата кај политиката покажува дека Судот си ја врши работата
-

Намален бројот на невработени лица
-

Македонските фудбалери вечерва пред полни трибини ѝ гостуваат на БиХ
-

СДСМ: Нема реформи, за две години нецелосно завршени 2 од 10 точки од Реформската агенда
