Една од најголемите природни мистерии: Откриена е тајната на кралската пеперутка
Научниците конечно решија една од најголемите мистерии во природата, тајната на миграцијата на кралската пеперутка од Канада до Мексико.
Научниците веруваат дека откриле како функционира внатрешниот компас на кралската пеперутка т.е. како просторно се ориентираат во текот на миграцијата секоја есен и летаат токму во насока на југозапад. Имено, никогаш не било објаснето како мозокот на пеперутките прима и обработува информација за локацијата, т.е. како знае каде треба да лета, пишува Телеграф.
Секоја година кралските пеперутки летаат илјадници километри од северот на американскиот континент, од Канада во потоплите краеви на Мексико. Се работи за навистина посебен вид на овие прекрасни инсекти, во една година живеат дури четири генерации на кралската пеперутка, а најдолго живеат токму тие што учествуваат во преселбата која почнува во рана есен.
„Компасот на пеперутките дава две информации, кое време е во денот и која положба има сонцето, за да знаат каде е југ. Сакавме да дознаеме како кралската пеперутка ги обработува овие две различни информации и секоја есен лета на југозапад‟ - рече Ели Шлизерманоф, автор на истражувањето.
Кралската пеперутка ги користи своите големи очи за да ја види положбата на Сонцето, но тоа не им е доволно за да ја одредат насоката по која треба да летаат. Им треба информација за тоа кое време е во денот. Како и сите други суштества, имено, имаат свој внатрешен часовник кој се наоѓа под пипците, а кој ги одредува физиолошките потреби и однесувањето во одреден период во денот.
Кралската пеперутка има и единствен механизам, точка на раздвојување која контролира дали пеперутката треба да појде на лево или на десно, за да ја фати насоката кон југозапад. Како што се менува времето во текот на денот, така се менува и позицијата на таа точка во видното поле на пеперутката. Овие пеперутки никогаш не ја поминуваат точката на раздвојување, поради што не наоѓаат пократок пат за да дојдат до целта, а и ако случајно свртат од патот, враќањето на рутата е бавно и долготрајно.
Ново на Сител
-
Во Лондон евакуација на домаќинства поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи
-
Започнаа сослушувањата во Обвинителството на уапсените за трагедијата на железничката станица во Нови Сад
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок на 26 ноември поради рускиот напад со експериментална хиперсонична ракета
-
69 - годишна жена е жртвата во синоќешната собраќајна несреќа во Чаир
-
Затворена американската Амбасада во Лондон поради сомнителен пакет
-
Утре повремен снег претежно во западните делови
-
Голоб: Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС
-
Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи