Свет
11. September 2016 - 9:44

Една година подоцна, миграциската криза виси во воздух заради гласањата во Унгарија и Австрија

БТА - Софија

Едно топло утро на крајот на август, две дузини мигранти со преполни најлон торби и ранци се качија во автобус пред бегалскиот центар Ваошсабади, село во северозападна Унгарија. Во колоната под полицска придружба, предвидена за кратко пазарување и организирано од унгарската имиграциска служба, мажи, жени и деца требало да поминат неколку часа во шопинг во блискоот град Даор, пред да се вратат во своите привремени живеалишта. Но, половина од групата избегале во блискиот парк каде ги дочекал еден маж. Тој ги повел под подвозник до железничката станица и тие се качиле на воз до австриската престолнина Виена. Каде сега тие се наоѓаат не е познато.

Една година откако границата меѓу Унгарија и Австрија стана клучна точка за масовен приток на бегалци во Европа, и многу од нив се насочија кон Германија, официјални претставници од двете земји велат дека ситуацијата е до голема мера под контрола. Случувањата на нкои новинари од Ројтерс беа очевидци, всушност кажуваат дека мигранти од Блискиот исток, Авганистан и Африка, протерани од конфликти и сиромаштија, продолжуваат да одат на својот пат преку Унгарија до Австрија.

Таквата ситуација накостреши мнгумина Унгарци и Автријци, и таа може да го насочи исходот од гласањето на 2 октомври, кога Австрија ќе избира претседател, а Унгарија на референдум ќе решава дали да ги прифати задолжителните квоти од ЕУ за распределба на мигранти. „Сигурно дека е тоа популистичко прашање, кои распали многу стравувања“, рече автрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил. Како и многу други граѓани во 8,5 милионската Автсрија, која минатото лето прими 110 илјади кандидиати за азил, и тој смета дека постои ризик од ново продлабочување на мигрантската криза. Иако има малку докази дека тоа ќе се случи, тој смета дека Австрија може да стане дестинација за мигранти кои преку Италија би дошле од Африка. „Тоа треба да се сопре“, изјави Доскоцил.

Слични ризици можеби одат во полза на крајнодесниот кандидат на Зелените, Норберт Хофер, во трката за претседателските избори во Австрија, кои треба да бидат повторени. Првите избори, кои ги доби со мала разлика поранешниот лидер на Зелените, Александер ван дер Белен, беа анулирани заради технички нерегуларности. Такви закани можат исто да му помогнат на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ги убеди гласачите да ја отфрлат шемата за квоти на ЕУ, а преку агресивната владина кампања на билбордите мигрантите се обвинуваат за напади и тероризам. Изборот на крајнодесен претседател во Австрија и отфрлањето на планот за квоти во Унгарија би и наштетило единствено на ЕУ, која веќе мака мачи да изгради единствена визија по гласањето на британците од 23 јуни да ја напуштат унијата.

„Голем шок“

Речиси да нема општина која има понепријатно искуство од голем притисок на мигранти од Никеледорф - град со 1.800 жители на источната граница на провинцијата Бургенланд, заобиколен со ниви со сончоглед и пченка. Имено, покрај Никеледорф беа открени во напуштен камион телата на 71 бегалци, непосредно откако Германија и Австрија ги отворија своите граници за мигранти на 4 септември минатата година.

Бургенланд е традиционален бастион на социјалдемократите на канцеларот Кристијан Керн. Таму, две третини од избирачите го поддржаа Хофер од евроскептичните Партија на слободата на изборите во мај, кои беа откажани. „Партијата на слободата агитира за силно рестриктивна имиграциска политика и луѓето кои живеат тука во Никеледорф, соочени со тој бран од 300,000 луѓе пред една година, не сакаат тоа да се повтори“, рече за Ројтерс градоначалникот на градот Герхард Цапфал. Според него, „алатка за решение се изборите“.

Кармен Иминцер, 46-годишната домаќинка која помагала во разделувањето на храна и облека за мигрантите, изјави дека никогаш нема да гласа за Партијата за слободата. Но го опишува како „голем шок“ за градот протокот од мигранти. „Многу луѓе се исплашени. Тие како закана гледаат на се што е туѓо, се што не е рабирливо за нив“, рече таа. Дебатите беа дополнително засилени од договорот меѓу ЕУ и Турција за безвизен режим за турците, додаде таа.

Керн ја обвини Партијата за слободата дека шири страв од малцинствата, а претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, рече дека политичари ја користат бегалската криза за политички цели.

Имиџ „извалкан“ од кампот

Минатата година, многу мигранти пристигнаа во Вамошсабади на 65 км. од Никеледорф, од другата страна на границата. Бегалскиот камп во селото, кој е наменет за 200 луѓе, прими скоро 800 мигранти во еден момент во 2015 година, а уште многу други беа сместени во шатори наоколу. Унгарските власти велат дека по неколку дена многу мигранти исчезнале и властите им ја губат трагата.

Ливија Вајда, градоначелник на Вамошсабади, изјави дека кампот го оцрнил имиџот на Вамошсабади и треба да биде затворен. „Тоа е отворен приемен центар, луѓето можат слободно да влегуваат и излегуваат, тие можат да прават што сакаат, а ние живееме тука блиску до нив и не знаеме кави се тие“, вели таа.

Орбан се спротивстави на квотниот план на ЕУ и се надева дека референдумот на 2 октомври ќе ги засили неговите позиции пред ЕУ и германскиот канцелар Ангела Меркел по мигрантското прашање. Агенцијата на ОН за бегалци ги осуди дејствијата на Унгарија по тоа прашање, но критиките во самата Унгарија кон референдумот и ставот на Орбан кон бегалците се сведуваат на мали опоизициски групи и организации за заштита на човековите права.

Минатата година Меркел и тогашниот австриски канцелар Верне Фајман привремено ги сопреа дејствијата на правилата на ЕУ во областа на мигрантите, за да им дозволат на илјадници бегалци да стигнат до нивните земји, преку Унгарија. Во мај, Фајман си поднесе оставка откако ја загуби довербата во својата партија, делумно заради неговиот однос кон кризата. Меркел исто е исправена пред проблеми, а нејзините христијандемократи беа победени на регионалните избори минатата недела од една антиемигрантска партија.