Едмонд Адеми: Делата на Стерјо Спасе значаен мост на соработка меѓу Македонија и Албанија
Министерот во Владата задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска во Корча присуствуваше на научен симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“ во организација на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и Македонското друштво „Сонце“.
Свеченото отварање на научниот симпозиум беше направено од ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, проф. д-р Али Јашари, додека свое поздравно излагање имаа министерот Едмонд Адеми, претседателот на Албанија Илири Мета и претседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски.
На научниот симпозиум, пристуен беше и вршителот на работите во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, амбасадорот Данчо Марковски.
Министерот Едмонд Адеми, во својот поздравен говор ја истакна важноста на литературните дела на писателот Стерјо Спасе и се осврна на неговиот значаен придонес за подобра интеграција на македонското малцинство во албанското општество .
Министерот Адеми меѓу другото нагласи дека творештвото на Стерјо Спасе претставува и важен мост помеѓу Македонците и Албанците и токму градењето на мостови на соработка, разбирање, развивање и интегрирање во Европската унија се заеднички определби на двете држави, што уште во своето време ги поставил токму Стерјо Спасе.
Претседателот на Република Албанија Мета ја истакна придобивката и значајноста на литературното творештво на Стерјо Спасе во Албанија и ја потврди важноста на делата и животот на писателот во однос на пријателските односи меѓу Албанија и Македонија.
Претседателот на македонското друштво Сонце, Васил Стерјовски, информираше за важноста и за огромниот придонес на овој значаен писател за македонското малцинство во Албанија и ги поздрави напорите на двете влади за зачувување и зајакнување на добрите односи што токму Стерјо Спасе ги постави уште многу одамна.
На научниот симпозиум се одржа и работна сесија во која се истакнуваше важноста на литературното творештво на Стерјо Спасе, а на која учествуваа академци и професори од Република Македонија и Република Албанија, меѓу кој и самиот син на писателот Спасе, Проф. д-р Илинден Спасе кој во име на покојниот писател Стерјо Спасе ја прими титулата „Витез на Редот на знамето“ од претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
Ново на Сител
-

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јанаури
-

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина
-

Регистрирани 15 пожари на отворено - седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола
-

Зајакната акциска контрола на МВР - санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице

