Единствена Македонија: Обвинетиот во „Рекет“ Зоран Милески Кичеец во позадина ги вртел и Заев и Мицкоски
Секојдневните препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни ја открија страшната вистина дека Зоран Заев и Христијан Мицкоски во позадина биле зависни од обвинетото лице во „Рекет“ Зоран Милески Кичеец.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на одделни прес конференции се обвинија меѓусебно дека за време на локалните избори во Охрид 2017 година и претседателските избори во 2019 година, Зоран Милески Кичеец работел за Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Ова е во најмала рака скандалозно и опасно за државата кога Заев и Мицкоски се тепаат во јавноста да докажуваат чиј бил Кичеец. Произлегува дека Кичеец во позадина бил главен фактор околу кој се вртат Заев и Мицкоски. Поразително е за државата обвинети за криминал да доминираат во заднина над Заев и Мицкоски кои претендираат да ја управуваат државата.
Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна -само Македонија“ имаат јасна определба за сузбивање во корен на оваа појава присутна во изминатите 30 години, рекетарски банди да доминираат на изборите а отпосле да бидат наградувани од власта.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек