Единствена Македонија: Дали реакциите на Димитров кон руското МНР ги прави како министер или како шпион на ЦИА?
„Единствена Македонија со жалење констатира дека и покрај тоа што најавата на руското МНР дека прашањето за името треба да биде разгледано во Советот за безбедност на Обединетите нации е добро во обидот да се спречи да се избрише се што е македонско, македонското министерство за надворешни работи вчера со соопштение повторно регаираше во негативен контекст на искрените намери на Русија за почитување на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
Ова е стара практика на министерот во МНР, Никола Димитров, да прави провокации на антируска основа и да го руши концептот на пријателски односи со Русија.
Од друга страна, помина еден месец од вознемирувачката информација на „Викилис„ дека министерот Димитров шпионирал за американската ЦИА за преговорите за името кои биле државна тајна.
Јавноста сеуште очекува одговор од марионетата Зоран Заев дали министерот Никола Димитров активностите на антируска основа, вклучително и протерувањето на руски дипломат од Македонија ги прави во својство на министер или во својство на шпион на ЦИА“, соопштуваат од Единствена Македонија.
Ново на Сител
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
