-->
-->
Единаесет сообраќајки во скопско, 14 лица повредени
-->

Четиринаесет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четиринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за непрописно престигнување. Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Затекнати биле 48 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
