Единаесет романи во вториот круг за „Роман на годината“

Единаесет романи влегоа во вториот круг за избор на етаблираната награда „Роман на годината“ за 2017 година која по згаснувањето на „Утрински весник“ продолжува да ја доделува новоформираната Фондација за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ од Скопје.
Селекцијата на пристигнатите 27 дела во официјална конкуренција годинава до 15 март, кога и ќе биде соопштено името на наградениот роман, ја прави жири во состав: Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Романи од вториот круг за „Роман на годината“ за 2017 година се:
1. „Круг“- Димитар Башевски, Слово“
2. „Манастир Фуентерабија“ – Јагода Михајловска Георгиева, „Три“
3. „Се гледаме наскоро Е.“ – Драгана Евтимова, Владимир Лукаш, „Антолог“
4. „Љубовникот на Ленин“- Блаже Миневски, „Матица македонска“
5. „Пешаци по црни полиња“- Оливера Николова, „Матица македонска“
6 „Одбројување“ – Фросина Пармаковска, „Или – или“
7. „Земјотрес 05:17“ – Владимир Плавевски, „Македоника литера“
8. „Апокалипса.мк“ – Бранко Прља, „Готен“
9. „Диссомнии“ - Игор Станојоски, „Антолог“
10. „Граница“ – Луан Старова, „Три“
11. „Годините кога научив да летам“, Евгениј Хоуп, „Матица македонска“
- На одржаниот состанок на 15 февруари, жири-комисијата меѓу другото констатираше дека во центарот на пристигнатите романи на одржаниот конкурс, генерално е политиката, неодамнешните политички случувања во Македонија, но и во други земји. Со задоволство беше потенцирано дека и во дел од овие романи, напишани на македонски јазик провејува зрелоста на младите автори, како и дека во нив се среќаваат нови и многу добри јазични решенија и вокабулар, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.
Ново на Сител
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
