Еди Рама победи во 60 од 61 една општина на изборите на кои учествуваше сам
Доцна попладнето во вторникот заврши пребројувањето на гласачките ливчиња од локални избори во Албанија што се одржаа во неделата. Пребројувањето потврди дека локалната власт е во рацете на Еди Рама.
Како што јави дописничката на МИА, податоците потврдуваат дека дури 60 од вкупно 61 општина ќе бидат раководени од кандидати на Социјалистичката партија. Во 30 општини имаше само по еден кандидат и тоа од редовите на социјалистите.
И општина Пустец, населена со Македонци, по три мандати на Едмонд Темелко од МАЕИ, во наредните четири години ќе ја раководи социјалистот Пали Колефски.
Единствена општина во Албанија каде новиот градоначалник не е од социјалистичката партија е општина Финиќ, каде новиот градоначалник е од партијата на грчкото малцинство, МЕГА, Кристо Кичо.
Градоначалници жени добија седум општини, Пермет, Курбин, Делвина, Патос, Расковец, Либохово и општина Ура Вајгуроре.
Изборите не ги признава обединетата албанска опозиција предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша.
Претседателот Илир Мета е со став дека избори без опозиција се неважечки. Тој денеска предложи на 13 октомври за кога, на 27 јуни, ги презакажа локалните избори да се одржат и предвремени и претседателски избори.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
