Еди Рама: Не ги разбирам Славомакедонците - такво нешто нема во Швајцарија

Ситуацијата во Македонија би можела да излезе од контрола, бидејќи лидерот на втората најголема политичка партија одбива да го даде мандатот за формирање влада во која би учествувале партиите на локалните Албанци, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за швајцарскиот весник „Tages-Anzeiger“, пренесува Макфакс.
Во врска со обвинувањата од македонски политичари дека се меша во внатрешните работи на една земја, Рама потсети дека Албанија не го довела никогаш во прашање името на државата, јазикот или идентитетот.
– Ние само побаравме од Владата во Скопје да ги почитува правата на Албанците во целост. Тоа е несфатливо за нас кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија? Француски, како забранет јазик во федералните институции или судот?, вели Рама.
Тој во интервјуто оценува дека „политичката температура“ на Балканот значително пораснала. Според него, граѓаните и политичките елити на Балканот ќе останат мирни се додека не ја загубат вербата во членството во Европската унија.
– Границите ќе бидат доведени во опасност, доколку ЕУ седи со скрстени раце и на тој начин им го препушти регионот на Русите, вели Рама во интервју за швајцарскиот весник „Тагесанцајгер“.
Според него, балканските земји можат да се развијат во зрели демократии единствено во рамките на ЕУ.
Ново на Сител
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
