Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос

При експлозија на рачна граната за време на закажана обука за фрлање гранати на грчкиот остров Родос, животот го загуби 19-годишен професионален војник, а негов колега е сериозно повреден, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Генералштабот на грчката армија соопштија дека несреќата се случила рано утрово, двајцата професионални војници веднаш биле пренесени во болница, каде што била констатирана смрт кај 19-годишниот, а 39-годишниот бил опериран, додека причините за несреќата се истражуваат.
Според весникот „Родаики“ од Родос двајцата војници (пиротехничари), добиле наредба да го проверат оружјето што подоцна требало да се користи за обуката, а при преносот едната рачна граната се активирала и експлодирала.
Претседателот на Грција Константинос Тасулас и министерот за одбрана Никос Дендиас изразија сочувство до семејството на загинатиот професионален војник, како и желби за брзо закрепнување на повредениот.
МИА
Ново на Сител
-

Анализа: Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн-трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра
-

Викендов сончево и потопло, од вторник нестабилно со пониски температури и дожд
-

Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје
-

Уапсен 27-годишен стружанец, пронајдени 41 паковка со марихуана
-

Одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона бара Туристичката комора на ССКМ
-

Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток
-

За една година удвоен бројот веб-страници што продаваат материјали со сексуална злоупотреба на деца
-

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби
