-->
-->
Еден сон му се урна, следниот е ЛШ
-->

Германскиот фудбалер Сами Кедира ветил дека ќе му помогне на клупскиот соиграч Џанлуиџи Буфон да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Легендарниот голман на Јувентус се ближи до крајот на блескавата кариера во која никогаш не ја освоил Лигата на шампионите.
Во понеделникот тој низ солзи се прости од националниот тим откако Италија не успеа да ја мине Шведска во баражот за пласман на Мундијалот во Русија.
„Не можам да кажам дека сум среќен. Да го видиш Буфон како плаче е тажно. Буфон е голем спортист, жива чегенда. Се надевав дека ќе игра на тој турнир. Тажен сум поради мојот соиграч. Му испратив порака, му недостига еден трофеј и јас заедно со соиграчите ќе му помогнеме да го освои“, изјавил Кедира за „Билд“.
Јувентус двапати во изминатите три години играше финале во Лигата на шампионите, но не успеа да триумфира откако беше поразен од Барселона и Реал Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
