Еден повреден од 11 сообраќајки во Скопје

Едно лице било тешко повредено во една од вкупно 11 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле шест лица, а во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 58 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 12 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден почетник, како и едно технички неисправно возило и 11 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи за не носење заштитен шлем, 16 возачи за не носење сигурносен појас, како и 12 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 87 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
