-->
-->
Еден мировник од ОН и двајца цивили беа убиени при напад во Мали
-->
Еден војник од мировните сили на ОН во Мали и двајца цивили беа убиени во вчерашниот напад во оваа западноафриканската земја, соопшти Светската организација.
Нападот бил извршен во близина на централниот град Дуенца. Цел на нападот бил конвој на мировната мисија на ОН во Мали, а убиениот војник е од Того.
Во нападот повредени се седуммина „сини шлемови", од кои тројца се во тешка здравствена состојба.
Француски војник загина при детонација на експлозивна направа во северниот дел на Мали во петокот. Исламистичките групи и натаму се активни во тој дел од земјата, и покрај воената интервенција на Франција во 2013 година и склучување на мировен договор со туарегските сепаратисти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?