Еден милион евра инвестиција и 90 вработувања најавува Barracuda FX

Вкупно еден милион евра ќе биде првичната инвестиција на ирската компанија Barracuda FX која и официјално го потврди влезот во Македонија.
Како што соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по средбата со менаџерскиот тим на компанијата, Barracuda FX ќе отвори посебен центар за истражување кој треба да почне со работа за околу еден месец, а вработени ќе бидат 80 до 90 високостручни кадри.
- Се работи за центар за истражување кој не е типичен и досега нема таков во Македонија. Целта е, од она што сега го има компанијата како главен производ за тргување на светските пазари, да се развијат производи во Македонија за другите сегменти во финансиското работење, истакна Пешевски.
Според Морис Куран, еден од основачите на компанијата, менаџерскиот тим многу лесно ја одбрал Македонија како дестинација за инвестиции поради одличните услови што ги нуди, посебно инфраструктурата, економијата и расположливиот кадар.
- Неколку пати ја посетивме Македонија. Бевме охрабрени од она што го видовме, професионалност, перспектива,... Затоа лесно ја донесовме одлуката да дојдеме тука. Се надеваме дека многу странски компании ќе го следат нашиот пример, рече Куран.
Barracuda FX е релативно нова компанија. Лоцирана е во Даблин, но има претставништво и во Лондон. Испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финaнсиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија.
Центарот за истражување што се отвора во Скопје ќе биде сместен во „Соравија“, а планираните еден милион евра ќе бидат вложени во опрема.
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
