Eден месец се борела за живот: Родилка од Битола починала од сепса
Триесет и едногодишна битолчанка починала пред три дена од компликации после породувањето од пред шест недели, а веќе еден месец се борела за живот.
Бебето е добро и има 40 дена, а нејзе, само после две недели од породувањето, состојбата и се влошила, имала висока температура, болки во стомакот, низок притисок, и плус била дијабетичар.
На социјалните мрежи има информации дека лекарите во Битола ја лекувале од стомачен вирус сè додека пред неколу дена не ја донесе на скопските клиники, на одделот Карил, каде починала од сепса.
Преземени се сите потребни мерки од страна на здравствениот кадар во нашата установа во врска со пациентката што почина од сепса, велат денеска од Клиничката болница „Д-рТрифун Пановски“ од Битола.
„При давањето здравствени услуги на конкретната пациентка, постапено е по сите медицински протоколи и комплетно е спроведена медицина базирана на докази, што значи дека во овој случај се преземени се сите потребни мерки од страна на здравствениот кадар во нашата установа“, се наведува во изјавата од Болницата.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
