Живот
12. April 2017 - 12:09

Еден месец редовно правела склекови и се воодушевила од резултатите

Склековите се тешки па поради тоа поголем дел од жените ги заобиколуваат. Сепак оваа жена се одлучила да се соочи со својот најголем непријател и да види што ќе се случи доколку 30 дена секој ден прави склекови.

Првиот ден сфатив колку сум слаба, иако мислев дека сум во добра физичка форма. Планирав првиот ден да направам 10 склекови, но рацете брзо ме издадоа.

Бев во шок кога сфатив колку тешко се носи сопствената тежина иако можам да се пофалам дека имам само неколку килограми повеќе.

Не можам да кажам дека се радував до крајот на неделата. Како што деновите поминуваа, чуствував се поголем замор во мускулите на рацете.

Сепак не се откажав. Се обидував да ги правам што е можно поправилно и го чуствував нивниот ефект низ целото тело. Како што поминуваше времето, станував се подобра и подобра. На почетокот од третата недела немав проблем да направам 10 склекови.

Имаше денови кога се чуствував истоштено, но утредента повторно без никаков проблем можев да ја повторам серијата.

Всушност склековите не се толку лоши кога малку ќе влезете во форма. Со текот на времето стануваат се помалку болни. Почнав да уживам во нив.

Рацете ми се посилни и дефинирани по само еден месец, а тоа направи да се чуствувам прилично добро.