Еден месец притвор за приведените во акцијата во која беа запленети 200 килограми марихуана
Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во полициска акција со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА.
Станува збор за лицата Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, кои се гонат поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Во акцијата беа запленети околу 200 килограми марихуана во вредност од 800.000 евра.
При претрес кај еден од осомничените, полицијата пронајде документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели, лоцирани во Прилеп и Битола, по што МВР врши контрола во овие објекти.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска го обвини Трајче Заев – братучед на Зоран Заев за вмешаност со криминалната група, но тој ги негираше тврдењата. И владејачкиот СДСМ реагираше на обвинувањата, комнентирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не можат да се соочат со фактот дека патот на правдата во државата и е чист, а институциите борбата против корупцијата ја водат бескомпромисно.
Инаку, марихуаната која ја заплени македонската полиција требало да заврши во Грција.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
