Фудбал
3. November 2016 - 11:28

Еден меч пауза за Мурињо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, поради недолично однесување, од страна на Фудбалската асоцијација е суспендиран на еден натпревар и парично е казнет со 50.000 фунти.
 
Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека Португалецот е казнет поради навредите кои ги упати кон судијата Марк Клатенбург за време на мечот Манчестер Јунајтед-Барнли.
 
Поради суспензијата Мурињо нема да може да го предводи тимот против Свонси во рамките на 11.коло во Премиерлигата.
 
Паричната казна на Мурињо му е изречена бидејќи го коментираше судењето по натпреварот против Ливерпул одигран на 17.октомври.