Бизнис
15. November 2018 - 16:32

ЕБОР тврди дека Македонија ќе продолжи да се задолжува, вицепремиерот Анѓушев вели дека задолжувањето е стабилизирано

Задолжувањето е стабилизрано, тврди вицепремиерот Кочо Анѓушев откако вчера ЕБОР предупреди дека долгот и натаму расте. Со буџетот за 2019 е планирано трендот на раст да продолжи. Долгот догина ќе надмине 54% односно ќе порасне за нви 600 милиони евра.

ЕБОР во последниот извешатај пишува дека долгот расте заради владините мерки за поддршка на стопанството и зголемувањето на платите. За овие ставки предвидени се пари и во новиот буџет. Догодина ќе ратст платите на лекарите специјалисти за 10% од јануари, а од септември 5% ќе се зголемат примањата на целата адиминистрација.

Ескспертите регаираат на линераното зголемување на платите за сите администативци. За здравство и за образование покачувањето го сметаат за оправдано, за останатите административци бараат зголемувањето да се одложи додека не заврши реформата.