Loading Video...
Ракомет
2. September 2022 - 17:51
Е. Пелистер против Веспрем за место во финалето на СЕХА лигата
Еурофарм Пелистер вечерва во Задар за прв пат ќе настапи на завршниот фајнал-фор турнир во регионалната СЕХА лига. Пелистерци се изборија за своето прво полуфинале во СЕХА лигата, а во него за противник ќе го имаат унгарскиот великан Веспрем.
Иако унгарскиот тим важи за фаворит сепак тренерот на пелистерци Данецот, Валтер смета дека ова е меч во кој може се да се случи, еден натпревар, ништо не се знае, ова е спорт и сите опции се отворени, на што новото засилување кај зелено-белите Урбан Лесјак, додаде
„Да не размислувавме дека имаме шанси немаше ни на дојдеме во Задар. Натпреварот почнува со 0-0 и верувам дека ќе се претставиме во најдобро светло. Заслуживме да бидеме тука и да се натпреваруваме со најдобрите“, рече Лесјак.
Бранителот на титулата од лани Веспрем, важи за главен фаворит за тофејот, а доколку успее да ја потврди улогата унгарскиот тим ќе се израмни си нашиот Вардар со по пет шампионски трофеи.
Дуелот Еурофарм Пелистер – Веспрем ќе започне во 20 часот и 30 минути. Претходно за место во финалето ќе се борат хрватските ривали ППД Загреб и Нексе
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->