Loading Video...
Ракомет
12. July 2022 - 17:16
Е. Пелистер директно во групната фаза во Европската Лига
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави списокот со тимови кои ќе учествуваат во Европската лига, а трите макеоднски екипи ќе започнат во различен степен од натпреварувањето.
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, кој изминатите две сезони стигнуваше до осминафиналната рунда во која беше елиминиран од Магдебург, односно Нексе, претстојната сезона директно ќе игра во фазата по групи.
ЕХФ ги вброи битолчани меѓу 12-те екипите кои нема да играат квалификации, туку директно ќе започнат во групната фаза.
Затоа пак, одтанатите два макеоднски претставници во ова натпреварување ќе играат квалификации и тоа. Вториот тим на Пелистер ќе почне во првата рунда што е закажана за крајот на август и почетокот на септември (27/28 август и 3/4 септември), додека скопски Бутел ќе започне од вторто квалификациско коло кое на програмата е на 27 септември и 4 октомври.
Натпреварите во групната фаза во второто по квалитет европско клупско натпреварување, Лигата на Европа, ќе стартува на 25 октомври.
-->
-->
