Ѕвездите предвидуваат: Како ќе стоите со парите во 2016?
ОВЕН. Припадниците на овој знак сакаат слобода, независност и самостојност. Енергични се, импулсивни и се пронаоѓаат во потполно нови и оригинални работи во кои доаѓа до израз нивната смисла за организација. Но, не се занесувајте премногу, бидејќи има големи шанси да останете извисени. Пасивноста нема да ви донесе никакво материјално богатство, затоа подобро е што побрзо да ги засукате ракавите и да се посветите на работата.
Покритичен период за вашиот буџет може да биде февруар и март и препорачливо е да го имате ова во предвид. Исто така, ама вашата вродена гордост се активира и во дополнителна мера, ќе работите работи кои не се на вашето ниво, само да избегнете бламирање пред својот познаник кога ќе мора да му побарате да ви позајми пари. Ако успеете да ја срушите својата импулсивност и инертност, другата половина на годината може да биде за вас релативно успешна на финансиско поле. Ќе ви се отворат нови можности, поконкретно на Овените кои бараат работа или на оние кои работат во приватниот сектор, а не се задоволони се својот третман кој им стигнува на банката секој месец.
БИК. Биковите никогаш нема да започнат работа која детално не ја испланирале. Подобро не би превзеле ризик, отколку да згрешат и да се каат подоцна. Познато е дека Биковите и парите не одат заедно, бидејќи тие сакаат да се луксузираат, ама оваа година ќе биде поразлично. Ве чекаат многу пари на пролет, и од тие пари многу добро ќе живеете. Најповолниот период ќе им биде до половината на летото.
Уште една позитивна позитивна работа што ги очекува Биковите е бранот од нови корисни контакти. Познато е дека не сте највредни знак во Зодијакот така да е голем ризиокот да ги потрошите сите пари и да не оставите ни денар на страна.За утеха, барем ќе ги задоволите своите хедонистички каприци. Не ја исклучувајте еможноста да се позајмите од најблиските, пак.
БЛИЗНАЦИ. Личностите родени во овој знак се оптимисти, комуникативни и често водат доста брз живот. Меѓутоа, во текот на 2016 година нив ги очекува прилична парична гужва. Ќе се позајмуваат од сите страни, а најмногу од роднини бидејќи тие се на прво место. Сепак, не очекувајте дека и многу ќе добиете од останатите, посебно не од роднините кои преку лето ќе ве посетат. Можеби те имаат многу за себе, ама немаат за позајмување, како што очекувавте.
Потпрете се на себеси и пробајте, посено во втората половина на годината, да ја работите секоја работа која ќе ви биде понудена, бидејќи реално не можете многу да бирате, а долговите мора да се вратат. Близнаците кои ќе ги решат своите работни задачи внимателно, темелно и одговорно нема да ги изгубат своите позиции. Меѓутоа, нивното ангажирање нема да биде адекватно наградено.
РАК. Раковите се чувствителни души на кои им е потребна нежност, љубов и пријателство. Можеби се хиперсензибилни ама се спремни да работат до последниот атом работа. Еден емотивец како Ракот лесно се врзува за секој заработен денар.
Штедењето пари во текот на целата година ќе оди лесно, без сериозни проблеми и компликации, меѓутоа не очекувајте да станете мултимилионер, сепак знаете каде живеете и какви си приликите овде. Ако сакате да инвестирате добрите прилика за вас се во пекара, теретана, продавница за миленичиња и хемиско чистење. Иако ви изгледа како да ги има на секој чекор, за вашиот знак се многу поволни условите за успех… Запаметете – она што би го вложиле, може да ви се врати многу ефикасно за година или две. Потребно е само да верувате во себе и во својата визија. Во остварувањето на вашите планови можат да ви помогнат вашите најблиски а и не е исклучена можноста за ортаклук.
Но, на секој можен начин одбегнувате ја таа можност, бидејќи во наредниот период може да дојде во компликации, бидејќи со големи пари доаѓаат и големи проблеми.
ЛАВ. Најнесреќен човек на светот може да биде лав без авторитет или онај во пензија. Лавовите оваа година, како и секоја друга, константно заработуваат пристојно ама и трошат уште по пристојно. За нив зборот штедење не постои, па така редовно одат во минус.
Вашите приходи ќе се зголемат, ама со исто темпо и вашите расходи ќе скокаат до небо. Работа ќе има дури и премногу во однос на другите знакови, но според вашиот потрошувачки апетит тоа е потребно. Нема потреба да се плашите од работниот ден, потребно е само да знаете како да ги задржите вашите пари. Наместо да ги вложувате во гардероба, шетање и луксузни патувања, инвестирајте во недвижнини. Да, еднаш се живее, затоа треба и добро да се живее. Можна е појава на проблеми во втората половина на годината.
Можеби сте особа со широко отворени раце, секогаш спреман да им помогне на другите ама од каде знаете дека истите вам ви излегле во предвид..? Секако, вие ќе излезете од секаква неприлика.Во последните три месеци од 2016 можно е прилив на девизни средства благодарение на соработка со особи од странство. Меѓутоа, ако не трошите рационално на крајот од 2016година, можете повторно да се најдете на нула, затоа бидете внимателни со финансиите.
ДЕВИЦА. Особите родени во овој знак често можат да се заборават во работата која ја работат. Тивки се, повлечени, промислени и уживаат во работата која бара внимателно планирање и усогласување на повеќе детали. На пресметливите Девици ништо не може да им избега. Таа знае точно со колку пари располага постојано. Знае дури и колку комшијата заштедил за црни денови.
Приходите во 2016 година нема да ја разочараат Девицата, а посебно плодни периоди ќе има на есен и во зима. Постои можност за промена на работното место или напредување во кариерата што би можело позитивно да се одрази на вашиот буџет. Како по обичај, своите пари ќе ги чувате. Бидејќи немате многу доверба во банките, парите грижливо ќе ги штедите, криете, и повремено ќе ги броите, далеку од останатите во куќата.
ВАГА. Основната цел која се провлекува низ 2016 година е напорна работа, колку и да не сте љубител на големите напори за работата. Сепак може да се радувате бидејќи Вам оваа година ќе ви биде исклучително успешна, посебно на припадниците од овој знак со уметнички способности.
Без оглед на тоа колку понекогаш ви е тешко што вашиот приватен живот мора да трпи, нека ве мотивира мислата дека оваа година ќе заработите повеќе од било која друга година. Подоцна ќе имате време да уживате во плодот од вашата работа, ама неопходно е да се помачите прво бидејќи не може се да ви падне од небо.
Меѓутоа, може да очекувате ненадејни добивки на финансиски план во периодот од септември до декември, и тоа во вид на наследство. Присетете се дали во вашата фамилија има некој заборавен дедо или вујко кој во далечната ’45 ја напуштил земјата и заминал во Австралија или на друг континент. Ова може да ви денесе изненадна среќа, ама најпаметно е тие пари да не потрошите во целост. Или ставете го на страна или паметно вложете ги, само никако не го позајмувате бидејќи постои можност никогаш да не ви бидат вратени.
ШКОРПИЈА. Шкорпиите имаат голема моќ – многу често се во состојба да читаат меѓу редови. Многу се интелегентни, истрајни, со голема концентрација и се големи психолози, писатели, детективи, хемичари.
Сепак, припадницита на овој знак ги очекува многу критиччна година и поголемиот дел од Шкорпиите ќе бидат загрозени. Кај вас ќе доминира голема паника за пари, така да е препорачливо да водите сметка од кого ги земете. Поради неповолната финансиска ситуација и проблемите, ќе бидите под голема тензија и ќе имате кавги со колегите и партнерите кои ќе бидат неизбежни. Исто така ќе се појави потреба од подигнување на кредит. Во тој случај, внимателно изберете најполовна каматна стапка.
Оваа приказна не се однесува на Шкорпиите кои работат приватен бизнис, и 2016 ќе им биде релативно успешна. Сепак, тоа ќе се почувствува дури во октомври и ноември. Ќе биде проблематично и треба да бидете истрајни и трпеливи па работите ќе почнат да се одвиваат во ваша корист.
СТРЕЛЕЦ. Особите родени во овој знак се исклучително независни и борбени, со голема потреба да бидат постојано во акција. Стрелците се доста друштвени, обожаваат церемонии и забави, па затоа ги има толку многу во шоу бизнисот. Како и секоја година во 2016 година ќе правите големи планови. Стрелците кои за живот заработуваат од уметноста ќе успеат да ги спроведат на дело досегашните планови. Но, немојте да се занесувате многу … Тие планови се успешни само во вашата глава. Кога ќе се симнете на земја, ќе видете дека не е баш лесно да ги наполнете џебовите со пари. Стрелците кои се без постојан приход , среќата ќе им проработи во периодот март-јули, кога ќе заработат од работа која нема никаква врска со нивното образвоание. Оние пак, со постојана работа, ќе имаат повеќе и повеќе работни обврски, а тоа нема воопшто да се одрази на нивната финансиска состојба.
ЈАРЕЦ. Јарците се многу реални и вредни особи, познати по неуморност и совесни работници. Не поднесуваат брзоплетност и површност. Работата ја сваќаат доста сериозно, многу се амбициозни и секогаш полека ама сигурно се качуваат кон замислениот успех. За Јарците, 2016 годна припрема нешто убаво. Ако малку се потрудите, резулататите ќе бидат неверојатни.
Оваа е многу значајна година за претставниците на овој знак бидејќи ќе ја памтите до крајот на животот по големиот успех. Конечно, се за што работевте, оваа година ќе го даде својот резултат. Напредокот на кариерата е неизбежен, а со тоа и огромна сума на пари е во игра. Поедини Јарци, ќе помислат дека доста им е работа за другите, па сериозно ќе размислуваат за сопствен бизнис. Ѕвездите не го прпорачуваат тоа, бидејќи расходите ќе бидат поголеми од приходите.
Сепак, не се опуштајте премногу во текот на годината, колку и да сте во завидна позиција, бидејќи во спротивно, се би можело да се сруши како кула од карти. Затоа, бидете паметни за потоа да не кукате дека другите ви се криви за сопствените грешки.
ВОДОЛИЈА. Водолиите се луѓе со слободен и независен дух, многу често напредуваат со револуционерни идеји. Ги превлекуваат сите прогресивни и на некој начин екстравагантни работи. Што се однесува – нивната финансиска состојба во 2016 година, потребно е да знаат дека им следува година со мали проблеми. Колку и да се трудите, Водолиите нема да успеат да задржат пари во своите раце.
Вие ќе имате чувство дека парите ви се топат како снег во август. Дури и кога е дојде периодот на добра заработка, ќе ви излезат нови непредвидени трошоци. Поединечни Водолии ќе пронајдат спас во склучување брак од интерес, ама не мора многу да брзаат, бидејќи финансиската состојба ќе се подобри од септември. Во првата половина припадниците на овој знак ќе бидат склони кон откажување на семејниот накит бидејќи тоа ќе им биде едниствен начин за спас од финансиската дупка. Како што кажавме, од септември пак ќе угрее сонце па Водолиите можат да се надеваат на стабилен извор на приходи или значајно зголемување на платата.
РИБИ. Особите родени во овој знак се големи хуманисти со развиена способност да ги разбираат другите. Секогаш се спремни да помогнат, вредни се, а и неодлучни и умешни во водење на финансиските средства. Во 2016 година сите ќе сакаат да бидат во ваша кожа бидејќи Риби е еден од ретките знаци кој во оваа година ќе биде во голем плус.
Дури нема да има потреба и многу да кукаат, бидејќи тука е фактот со парите кои им доаѓаат од сите страни. Тоа не значи дека можете баш да се опуштите, бидејќи и работата ќе ви биде потребна за да се чувствувате добро. Вие многу добро знаете како да се раположите со пари, така да во 2016 година само еден дел и ќе заштедите. И подобро е така, бидејќи може да се најдете во ситуација да му помогнете да другар кој ќе биде жртвено јагне, и ќе почне да ве убедува да започнете ризични бизниси.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија