ДЗС: Се очекува зголемување на бројот вработени во деловните субјекти
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2017 година било 64,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Според раководителите на деловните субјекти, економската состојба е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на април 2016 година. Се очекува бројот на вработени да се зголеми.
Обезбеденоста на производството со порачки во однос на март 2017 е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а залихите на готовите производи сe зголемени.
Индикаторот, пак, на доверба во преработувачката индустрија во април 2017 година е за 0,1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос на април 2016 е зголемен за 2,6 процентни поени.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 23,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,3 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 16,4 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,4 проценти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024