Бизнис
7. April 2021 - 20:01

ДЗС потврди раст на цените на здравствените услуги и фармацевтските производи

Грижата за здравјето за една година поскапела за 2,5%. Медицинските продизводи за 2,7%. Според податоците на Државниот завод за статистика, на стартот на здравствената криза лани во март фармацевтските производи поскапеле за 2,9%. Граѓаните се жалат дека во овој период цените на лековите кои најмногу се користат за лечење или превенција од КОВИД-19 поскапуваат постојано. Од пазарниот инспекторат велат дека во пазарна економија не можат да интервенираат во овој дел.

За една година на најтешка економска и здравствена криза медицинските услуги имаат за 4,2 повисоки цени од лани. Вонболничките услуги се зголемени за 3,4%. Трошокот е најголем за лицата кои се лекуваат од корона. Само за суплементи тие плаќаат најмалку 100 евра. Ако треба да косиристат антивирусна и антикоагулантна терапија надминува 500 евра.