Ѕиѕикостас: Сѐ додека сум префект, на таблите ќе пишува Скопје, а не Северна Македонија

Префектот на грчката област Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вели дека додека е тој на чело на периферијата нема да се променат таблите на кои сега пишува Скопје за нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.
Во интервју за грчката телевизија „Скај“, Ѕиѕикостас кој доаѓа од редовите на Нова демократија потенцира дека тој нема да го користи името Северна Македонија, бидејќи за него земјата „била е и ќе биде Скопје“.
-Нема шанси на пат што е во наша одговорност, на периферијата да се постави табла на која ќе го пишува терминот Северна Македонија. Да биде јасно, сѐ додека сум јас префект, на таблите на нашите улици ќе пишува Скопје, вели Ѕиѕикостас.
Прашан што ќе направи ако Владата му изврши притисок за конкретното прашање, префектот вели дека и досега покажал дека „не подлегнува на таков вид притисоци“.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
