Џуди Денч втор пат во улога на кралицата Викторија

Оскаровката Џуди Денч повторно ќе ја толкува улогата на кралицата Викторија во новиот проект на режисерот, Стивен Фриерс.
Филмот ќе биде базиран на книгата на Шрабани Басу, „Викторија и Абдул: Виситинската приказна за најблискиот човек од доверба на кралицата“, објавија британските медиуми.
Станува збор за вистинска приказна за пријателството меѓу кралицата и млад офицер, кој допатува од Индија за да присуствува на најзиниот Златен јубилеј. Како што се зближува двојката, тие почнуваат да ги менуваат своите погледи во светот и Абдул станува замена за нејзин близок пријател Џон Браун.
Пријателството меѓу британската владетелка и Браун стигна на големиот екран во 1997 година во драмата „Госпоѓа Браун“, а за улогата на кралицата Викторија во тој филм Џуди Денч беше номинирана за Оскар.
Инаку, последен филм на Фриерс е комедијата „Флоренс Фостер Џенкинс", каде Мерил Стрип е во улога на сопруга од богато семејство, која има пејачки амбиции.
Денч пак своите полседни ролји ги имаше во долгоочекуваната романтична приказна „Tulip Fever“ во која играат и Алиша Викандер и Кристоф Волц, како и во фантастично-авантуристичкиот филм „Домот на госпоѓа Перегрим за чудни деца“.
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
