-->
-->
Џошуа и Усик ќе боксуваат на стадионот на Тотенхем
-->
Бокс мечот меѓу бранителот на титулата светски првак во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа и Украинецот Олександр Усик ќе се одржи на 25 септември на стадионот на англискиот прволигаш Тотенхем во Лондон, со капацитет од 60.000 гледачи.
Џошуа е актуелен сопственик на шампионските појаси во верзиите WBA, WBO и IBF, откако во декември лани го победи Бугаринот Кубарт Пулев.
Британскиот боксер претходно во јуни 2019 година го претрпе единствениот пораз во кариерата, кога беше совладан од Мексиканецот Енди Руиз, кому подоцна истата година му се реваншираше.
Мечот против Џошуа за Украинецот Усик ќе биде прва борба во кариерата за титулата во тешка категорија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом