Џонсон: Русија е како Спарта
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ја спореди Русија со Спарта, на што реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, нагласувајќи дека Русија никогаш не била „милитаристичка земја“, за разлика од европските држави.
Џонсон посочи дека Атина е „пандан на САД и Западот“, а Русија ја спореди со „затворената, злобна, милитаристичка и антидемократска Спарта“. Сепак, Џонсон нагласи дека земјите треба меѓусебно да соработуваат.
- Споредбата не е точна. Не е, бидејќи Русија никогаш не била „милитаристичка земја“, за разлика од европските земји. Суштината во разликата меѓу Атина и Спарта била олигархијата како основна структура на другата. Не мислам дека е можно да се замисли поголема олихархија од Велика Британија, напиша Захарова на нејзиниот Фејсбук профил.
Таа, сепак се согласи со втората изјава на британскиот министер за надворешни работи.
- Војните меѓу Атина и Спарта ја ослабнаа класичната Грција, што го искористиле Персијците и Македонците. Денешните непријателства кои ги создаде и разви Западот, вклучитено и на европскиот континент, без сомнение, ја ослабнаа западната цивилизација и ја изложија на закани, како на пример, Исламската држава, наведе портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Таа додаде дека игрите на „несериозни историски споредби“, слични на оние на Џонсон, може да го одведат уште подалеку, па еден ден, тој така креативен и извонреден, може да го види во неговата земја, на пример островот Лезбос.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?